Македонија ќе остане без гас? – Испораката доведена во опасност, Бугарија се откажува од рускиот гас

Бугарија речиси целиот гас го добива преку десетгодишниот договор со „Газпром“ кој истакува кон крајот на 2022 година. Откако под влијание на САД и ЕУ се откажа од руските енергетски проекти за нуклеарната централа Белене и гасоводот Јужен тек, Софија сепак со години ги одложуваше проектите за диверзификација на своите извори на енергенси, вклучително и поврзувањето на гасовод со соседна Грција и проширува на единственото подземно складиште на гас во земјата, сега бугарската влада настојува да ги забрза двата проекти поради стравувањата дека војната во Украина би можела да предизвика поголемо нарушување, пишува Bloomberg.
На вакво сценарио пред неколку дена предупреди српскиот претседател Александар Вучиќ.Тој рече дека ќе биде потполна катастрофа за регионот ако Бугарија го прекине дотокот на руски гас кон регионот.
Тоа би било целосна катастрофа за сите нас. Немаме каде да добиеме ништо, освен преку Берегово од Унгарија или Балкански поток од Бугарија. И ако ни го откажат, не знам што ќе правиме изјави Вучиќ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко видео) „Излегувајте, се запали Пулс“ –…
На социјалните мрежи се појави нова снимка…
Јовановска: Децата со попреченост повторно оставени без…
„Деновиве има бура од реакции на родители…
За мајката на која ѝ пукна водењакот…
За вистинските херои од Кочани – нешто…
Два месеци нема трага од младиот Миле…
Два месеци се трага по младиот Миле…
УНИЦЕФ: Секое трето дете во Македонија живее…
Секое трето дете живее во сиромаштија, додека…