Македонската делегација предводена од Талат Џафери денеска на аудиенција кај Папата Франциск

t

Државно – црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил. Во попладневните часови Џафери ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.

Традиционално делегацијата денеска ќе присуствува и на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин.

Според агендата, Џафери ќе ја посети и изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица.

Чествувањето на Св. Кирил во Рим ќе заврши со положување цвеќе во базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде што се наоѓа спомен плочата на македонски јазик во чест на Св.Кирил. Џафери вчера најави дека цвеќе ќе биде положено заедно со бугарска делегација.

– Не можам да прејудицирам кои теми и прашања ќе се отворат на утрешната средба со бугарската делегација. Но, секако директната комуникација е добредојдена и мислам дека оди во полза на изнаоѓање евентуални можни позитивни решенија во однос на процесите што ги водиме, изјави Џафери по средбата со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана.

Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ватикан: Што значи Светата година 2025?

Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…

Папата повика на укинување на смртната казна

Папата Франциск повика на нови меѓународни договори…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…