Објавено на:

Македонска државјанка уапсена во Црна Гора откако, прегазила куче со својот автомобил

t

Жена од Македонија е уапсена денеска во Црна Гора откако е пријавено дека со својот автомобил прегазила куче во населба во Улцињ. По овој инцидент, како што неофицијално објави полицијата, таа се обидела да избега од Црна Гора, но ja фатиле на граница, пренесува РТЦГ.

Полицијата во Улцињ околу 16 часот добила пријава дека едно лице прегазило куче. Многу брзо го пронашле возилото и го идентификувале женското лице кое го управувало автомобилот, државјанка на Северна Македонија, која била спроведена во просториите на ОБ Улцињ.

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео, на кое се гледа како автомобилот прегазува куче, а зад возилото има и уште едно мртво куче. Според неофицијални информации, станува збор за кучето на уапсената жена, кое шарпланинецот го усмртил.

Од невладината организација „Пријатели на животните“ побараа итна реакција од надлежните институции, за лицето кое го сторило ова кривично дело да биде гонето и најстрого казнето, согласно Законот за благосостојба и заштита на животните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска државјанка уапсена во Црна Гора откако,…

Жена од Македонија е уапсена денеска во…

Возач со германски мерцедес не застанал и…

На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар…

Малолетник со убодна рана на градниот кош…

На 25.07.2026 во 01:12 часот во СВР…

Американец најден починат во хотелска соба во…

Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје…

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…