Македонските ракометарки денес против Словенија за пласман на ЕП 2026

t

Најдобрите македонски ракометарки денеска на гостувањето во Велење (18.00 часот) ќе го игра последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 против Словенија.

Нашата селекција предводена од Кристијан Грчевски оди на победа и што подобра гол разлика во обидот да се најде меѓу четирите најдобро третопласирани репрезентации од шесте квалификациски групи кои исто така обезбедуваат место на ЕП.

Секој постигнат гол на натпреварот против Словенија ќе биде важен, директни конкуренти ни се Грција, Украина, Финска и Италија чии резултати исто така ќе зависат околу конечниот исход на ранкингот на третопласираните репрезентации.

И со пораз од Словенија може да биде доволен, но ако и резултатите од другите мечеви одат во наша корист, односно да загубат Финска и Италија од Франција и Швајцарија.

Македонија би можела да го обезбеди своето осмо учество, трето по ред, на европските шампионати.

Моменталниот ранкинг на третопласираните репрезентации:

1. Португалија 2 бодови (гол разлика -17)
2. Грција 0 (-29)
3. Украина 0 (-30)
4. Македонија 0 (-32)

5. Финска 0 (-39)
6. Италија 0 (-50)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данска и Германија ќе се борат за…

Данската ракометна репрезентација се пласираше во финалето…

Франција и Германија ќе бидат домаќини на…

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека Франција…

Македонските ракометари се преселија во Берлин пред…

Македонските ракометари вчера загубија од Франција со…

Пораз на стартот на ЕП: Македонија изгуби…

Ракометната репрезентација на Македонија во натпреварот кој го одбележа…

Македонските ракометари одиграа нерешено со Грција

Македонската машка ракометна репрезентација ремизираше вечерва против…