Македонските репрезентативци вечерва ќе играат со срце за Македонија!
Македонската репрезентација вечерва против Бугарија завршува уште еден циклус во Лигата на Нации. Дали ќе бидеме втори или трети на табелата тоа не менува многу, но менува дали квалификациите за ЕП 2024 година ќе ги дочекаме во четврт или во петти шешир, и затоа вечерва македонските репрезентативци треба да бркаат победа против источниот сосед.
Македонија во овој меч влегува после поразот од Грузија, со кој и дефинитивно ги загуби шансите за пласман на првото место и баражот за Европското првенство. Но, овој натпревар со Бугарија е посебен не само од спортски, туку и од други познати причини.
Нашите репрезентативци мотивирани ја очекуваат пресметката со Бугарија вечерва од 20:45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“. Посакуваат само победа и велат дека само фудбалот е во мислите, а не политиката која ја носи самиот дуел. Важен е натпреварот и поради подобра состојба пред ждрепката на ЕП, затоа и самиот селектор Милевски најавува дека селекцијата ќе оди на победа.
„Да ја оставиме политиката на политичарите. Ние сме спортисти, фудбалери и размислуваме само на спорт и фудбал“, рече селекторот Милевски на вчерашната прес конференција и притоа додавајќи:
„Јас по првиот меч се заблагодарив на приемот, а сега останува од наша страна да вратиме на ист начин. Само спортскиот аспект ни е во главите. Ја повикувам публиката да навива фер. Околу натпреварот добро ги анализиравме Бугарите и иако имаат нов селектор не се непознаница за нас. Подготвени сме за овој меч и одиме на победа“, рече Милевски.
Енис Барди, капитенот на националниот тим рече дека и покрај поразот во Тбилиси, атмосферата во националниот тим е добра и сите посакуваат победа.
„Тој пораз од Грузија беше незаслужен, и треба да го покажеме тоа со Бугарија. Атмосферата во тимот е добра, и сите сме подготвени да дадеме максимум за да донесеме три бода“, рече Барди.
ЛИГА НА НАЦИИ, ГРУПА Ц4 (20:45 Ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА
Гибралтар: ГИБРАЛТАР – ГРУЗИЈА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пуџдемон се врати во егзил во Белгија
Лидерот на каталонските сепаратисти Карлес Пуџдемон, кој…
Му се заканува казна до 60.000 евра:…
Совршено зачуваните улици и сè уште постоечките…
Американците преку Франција до златен олимписки медал…
Тимот на САД ја продолжи легендата на…
Рускиот милијардер жестоко го критикуваше Путин: Најхрабра…
Рускиот олигарх Олег Дерипаска ја нарече војната…
Тројца германски пливачи на отворени води се…
Тројца германски пливачи на отворени води се…