Објавено на:

Макрон му се потсмеваше на Трамп во Давос

t

Францускиот претседател Емануел Макрон денес зборуваше на Светскиот економски форум во Давос, при што го забележа дека сега изборот е меѓу „нов колонијален пристап “ и „закон на најсилниот“ наспроти „ефективниот мултилатерализам“. Макрон смета дека изборот „пасивно да се прифати законот на најсилниот“ би довел до политика на „вазализација и блокирање“ поради што тој го отфрли, одбирајќи да го брани „ефективниот мултилатерализам“ што служи на францускиот и поширок интерес.

Тој вели дека националниот суверенитет и независноста се клучен дел од тоа и вели дека неодамнешното француско распоредување војска на Гренланд било дел од одлуката да се брани тоа – не „заканувајќи се на некого, туку поддржувајќи сојузник и друга европска земја“.

Тој рече исто така дека Франција сака да го оживее Г7 како форум за „отворен дијалог“ за да се спречат трговски војни, протекционистичка ескалација и други обиди за нарушување на глобалниот поредок.

„Нашата цел преку Г7 е да покажеме дека големите светски сили сè уште се способни да постигнат заедничка дијагноза за глобалната економија“, вели тој.

Тој детално ги објасни своите размислувања за трговијата додека одговараше на прашањето што треба да направи ЕУ за да одговори на поагресивните политики на САД и Кина. Тој сметаше дека Европа треба да биде „пореалистична“ бидејќи постојат сектори – како хемиската и автомобилската индустрија – „кои буквално се уништуваат“ поради недостатокот на еднакви услови за игра. Тој, исто така, повика ЕУ да „го унапреди принципот на европска преференција“ на ист начин како што функционира во САД, што како што нагласи, не значи изолационизам, туку играње во рамките на правилата, давајќи ги како пример кинеските директни странски инвестиции во Европа кои се добредојдени – но треба да ги почитуваат истите стандарди и правила.

Потоа се осврнува на слични теми како потребата од намалување на бирократијата и поедноставување на прописите, при што оцени дека 450-те милиони жители на ЕУ треба да бидат отворени како домашен пазар за сите компании од ЕУ, намалувајќи ги бариерите и промовирајќи иновации и конкурентност. Тој вели дека е „загрижувачки“што „ги убиваме структурите таму каде што можеме да ја поправиме ситуацијата преку разговори и дипломатија“. Според него, колективното управување отстапува место на „немилосрдна“ конкуренција при што САД „бараат максимални отстапки и отворено се стремат да ја ослабнат и потчинат Европа“, меѓу другото и со „акумулирањето нови територии“.

Макрон го критикуваше претседателот на САД веќе во првиот пасус од својот говор. Додека предупредуваше за нестабилноста и нерамнотежата во денешниот свет, тој рече дека имало „повеќе од 60 војни во 2024 година, што е апсолутен рекорд“, пред да додаде „дури и ако разбирам дека неколку од нив биле решени“, што предизвика пригушена смеа од публиката. Оваа забелешка очигледно алудираше на постојаното фалење на Трамп за тоа колку војни завршил.

Одговарајќи на прашања Макрон повика директно „да не губиме време со луди идеи, да не ја отвораме Пандорината кутија или нови теми“.

„Не е време за нов империјализам или нов колонијализам. Ова е време на соработка со цел да се решат глобалните предизвици за нашите сограѓани. Да не бидеме срамежливи и да не бидеме поделени. Да не прифаќаме глобален поредок за кој ќе одлучат оние кои тврдат дека имаат поголем глас, туку да се фокусираме на заедничките интереси и предизвици. Знаеме што треба да поправиме: раст, мир, клима,“ рече Макрон, додавајќи дека е „лудо“ да се помисли дека ЕУ мора да одговори на „ не предвидливоста и бескорисната агресивност“ на американските закани со царини. Тој рече дека „нема смисла да има царини и да се биде поделен, па дури и да се заканува сега со дополнителни царини“ кон сојузниците, без да го именува со име Трамп. Поради проблемот со окото, додека зборуваше во Давос претседателот Макрон носеше очила за сонце.

Претходно на форумот се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ги предупреди бизнис лидерите да се откажат од „носталгијата“ за светот пред Трамп, велејќи им дека тоа „нема да го врати стариот поредок“ и повикувајќи ги да се фокусираат на градење понезависна Европа. Таа постојано го критикуваше Трамп за неговите закани со царини против европските сојузници нарекувајќи ги „грешка“ која би довела до „надолна спирала“ во односите со САД во корист на геополитичките ривали. Притоа, таа вети солидарност и поддршка со Данска и Гренланд.

Белгискиот премиер Барт де Вевер предупреди дека „толку многу црвени линии се преминати “ со Трамп што Европејците мораа да го бранат своето самопочитување спротивставувајќи се на неговите потези, предупредувајќи дека американскиот претседател го погребува повоениот атлантистички светски поредок.Де Вевер рече дека не може да се земе здраво за готово дека САД ќе продолжат да бидат сојузник, бидејќи за да бидат тоа „мора да се однесуваат како сојузник“, велејќи дека постапките на Трамп само ги охрабруваат соперниците на западот, вклучувајќи ги Русија на Путин и Кина на Си. Во особено силно предупредување, тој рече дека Европа треба да се „разбуди и да се вооружи“ за новиот светски поредок во развој, бидејќи „не може да остане тревопасна личност“ во постатлантскиот свет.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, кој исто така е во Давос, порача дека Европа треба да „седне“ и „длабоко да вдише“, место „да возвраќа“. Тој ги исмеја Европејците со забелешката дека тие прво ќе ја „формираат страшната европска работна група, која се чини дека е нивното најсилно оружје“ пред да можат да возвратат во трговијата, предупредувајќи против какви било потези насочени кон американската администрација.

„Претседателот ќе биде тука утре и ќе ја пренесе својата порака“, рече тој, додавајќи дека Трамп има „цврсти ставови“ за безбедноста на западната хемисфера. Тој повтори дека Трамп верува дека Гренланд е „неопходен“ за неговиот ракетен штит „Златна купола“. Притоа, и покрај заканите против друга членка на НАТО , бесет сметаше дека алијансата „никогаш не била побезбедна“. Според него, планот е сè уште да се продолжи со трговскиот договор со Европа и се спротивстави на било таков возвратен потег од ЕУ, вклучително и Европскиот парламент, како одговор на заканите на Трамп за Гренланд. сепак, нагласи дека заканата со царини е жива „ако Данците не сакаат да се откажат од Гренланд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон му се потсмеваше на Трамп во…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес зборуваше на…

Ахмети го исполнува договорот со Мицкоски: ДУИ…

Пратеничката група на ДУИ сепак ќе ги…

Внимавајте! Еве како изгледа лажната СМС порака…

Министерството за внатрешни работи упати итен апел…

Азевски контра одлуката на владата за увоз…

Домашни, наместо странски работници. Ова е изборот…