Малигните неоплазми – втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите, според извештајот на ИЈЗ
Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Кај нас, после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100.000 население во 2010 година до 217,0%000 во 2024 година, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите била повисока во однос на жените.
– Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 821,3 во 2024 година на 100.000 население, пишува во извештајот.
Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години била повисока кај машката поулација. Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години била значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години. И во возрасната група 0-64 години, морталитетот бил повисок кај мажите во однос на жените.
– Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2024 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет што се движи од 64,8 во 2010 година до 58,2 во 2017 година, 56,1 во 2021 година, 68,3 во 2023 година и 71,3 на 100.000 мажи во 2024 година. Кај жените, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2024 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година, 32,6 во 2021 година, 38,5 во 2022 година и 39,4 на 100.000 жени во 2024 година, пишува во извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малигните неоплазми – втора најчеста причина за…
Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за…
Над 2.000 лица заболени од грип за…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрираше 2.062…
Нема продолжување на зимскиот распуст
Од 5 до 11 јануари регистрирани се…
ИЈЗ: Над 1.700 случаи на грип за…
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија…
ИЈЗ: Регистрирани над 2.100 случаи на грип
На секои десет минути, дете со висока…