Малолетник и уште четири лица повредени во сообраќајката вчера на регионалниот пат Прилеп-Битола

t

Прилепчанец е тешко повреден, а уште неколку лица, меѓу кои и малолетник, се полесно повредени во сообраќајката што се случи на регионалниот пат Прилеп-Битола.

– На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп, информираа од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник и уште четири лица повредени во…

Прилепчанец е тешко повреден, а уште неколку…

Три автомобили се судриле на патот Охрид-Кичево,…

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…

Кривична пријава за двајца тетовчани – предизвикале…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44),…

Малолетник од Скопје возел без возачка и…

На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР…

Се судриле товарно возило и возило на…

Денеска (21.12.2025) во 10:05 часот во СВР…