Манасиевски: Филипче соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет

t

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во гостување на МРТ Радио Скопје, упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека бара уставни измени без обезбедени гаранции и дека таквиот пристап е спротивен на националните интереси.

„Венко Филипче бара уставни измени без гаранции, затоа што тој смета дека доколку слугува на туѓи држави, на туѓи влади, дека така може да дојде на власт, а ние како ВМРО-ДПМНЕ внимателно ги следиме сите случаи, ние прво размислуваме, па потоа правиме чекори, а не како што тие претходно прават чекори без да размислуваат. Така се промени името, се направи оној договор со Бугарија и протоколите и така натаму. Сметам дека треба да се има национални црвени линии во овој  дел. Едноставно не треба да се преговара за јазикот, за културата, за идентитетот, за историјата. Нешто коешто ќе ве потсетам како партија опозициска ние и го изгласавме такви црвени линии во 2020 година, меѓутоа само за неколку месеци чинам тие црвени линии беа погазени токму од Социјалдемократскиот сојуз“, вели Манасиевски.

Манасиевски вели дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче соработува со лица и структури кои, според него, ги негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Тој оцени дека станува збор за политички врски кои не само што се спротивни на националните интереси, туку и претставуваат закана за безбедноста на највисоките државни функционери.

„Луѓето коишто нас не негираат, коишто ни го негираат идентитетот, јазикот, културата, историјата, луѓето кои што директно ја загрозуваат безбедноста на претседателот на Владата на Република Македонија, со тие соработува претседателот на најголемата засега опозициска партија во Македонија, а тоа е Венко Филипче“, дециден е Манасиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: Филипче соработува со луѓе кои го…

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во гостување…

Малолетник од Тетово бегал од полицијата со…

Тетовската полиција вчера уапси малолетник од тетовско…

Викендов ќе се прска против комарци во…

Викендов на територијата на Скопје ќе се…

Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…

Викендот носи топло време по неколкудневната нестабилност

Времето утре во попладневните часови ќе има…