Маричиќ – Брегу: Секое одложување на преговорите со Северна Македонија и Албанија ја намалува довербата на граѓаните

Иднината на регионот е во ЕУ и секое одложување на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија ја намалува довербата на граѓаните пред сè, оценија на денешната средба вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.
Според нив, на патот кон ЕУ, многу важна е и регионалната соработка.
-Добрата и континуирана регионална соработка е важна за нас и за нашата безбедност. Затоа, потребна е синергија и заеднички проекти на кои ќе работиме заедно како партнери во исполнувањето на нашите обврски на патот кон ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ.
Во оваа насока, како што информира СЕП, двајцата соговорници се согласија дека е време да се видат плодовите од досегашната посветена работа и заложби на Владата за решавање на сериозните прашања преку пријателски дијалог, кои дадоа голем придонес во зајакнувањето на стабилноста на регионот.
Генералната секретарка Брегу посочи дека сите активности на Советот се насочени кон просперитет на регионот преку поврзаност на земјите од Западен Балкан и зајакната регионална соработка и покрај дозата на неизвесност која ја предизвикува воениот конфликт во Украина, посветено продолжуваат да работат кон остварување на регионалните цели.
Маричиќ и Брегу ги разгледаа можностите за унапредување на соработката преку конкретни нови проекти со Регионалниот совет за соработка, согласно планираните приоритети во овој период за реализација на европските реформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како се чисти снег: „Не е…
Не е Швајцарија, Косово е, стои во…
Изгореа два контејнера во Дебар Маало
Два од големите контејнери за комунален отпад…
Така треба: Одделот за внатрешна контрола не…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
„Нема простор за паника за мајмунските сипаници…
Директорот на Инфективната клиника во Скопје, доктор…
Здравството „во пензија“: Болниците во Македонија се…
Во моментов 100 вработени недостасуваат на Инфективната…