Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање погодна средина за нејзино проширување до 2030 година

t

Европската Унија работи на паралелни реформи во институциите, буџетот и процесите за донесување одлуки, со цел до 2030 година да се создаде погодна средина за нејзино проширување, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Брисел со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан.

Европската Унија работи на паралелни реформи во институциите, буџетот и процесите за донесување одлуки, со цел до 2030 година да се создаде погодна средина за нејзино проширување, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Брисел со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан. 

– Треба да го задржиме континуитетот во спроведувањето на реформите кои ќе дадат суштински резултати за забрзување на пристапниот процес, наведе Маричиќ во објава на Фејсбук по средбата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Хан на средбата изразил охрабрување и поддршка за земјава да продолжи со тековен преговарачки процес, бидејќи следат позитивни промени и план на ЕУ за раст на државите од регионот. 

– Со подготвеност до 2030 за нови држави членки, ЕУ го враќа кредибилитетот и за нас е движечка сила за успешни реформи и демократскиот напредок, наведе Маричиќ. 

Вицепремиерот за европски прашања претходно денеска имаше средба и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на која главни теми беа актуелните политички настани во земјава, текот на скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година.

Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес. Со новиот план на ЕУ за забрзана интеграција на Западен Балкан пораката е јасна дека регионот мора да се подготви побрзо за членство во ЕУ и со конкретни чекори суштински да се придвижува кон целосна интеграција во Унијата, порача Маричиќ по средбата.  

Тој потенцира дека членството на земјава во ЕУ е на дофат и треба да го искористиме позитивниот политички моментум, бидејќи ова е шанса која не знаеме кога и дали воопшто ќе ја имаме повторно.  

На средбата Маричиќ потенцираше и дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешнополитички приоритет и дека се прават сите напори земјата да остане во процесот на преговори и да напредува со другите држави од регионот. 

Маричиќ се сретна и со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман, од кои разговори стигна пораката дека ЕУ е подготвена дополнително да го унапреди преговарачкиот процес со Македонија и регионот во наредниот период, што ќе даде јасни и видливи резултати во приближувањето кон блокот.

ЕУ е подготвена да ги забрза преговорите, но реформите остануваат клучни за напредок кон полноправно членство. Важно е да знаеме дека имаме партнери кои ја сакаат Македонија во ЕУ и кои веруваат дека сме подготвени за доброто на државата и граѓаните да го направиме следниот чекор кон ЕУ, беше посочено по средбата, која Маричиќ ја оцени како продуктивна и важна, на која се разговарало за односите на земјава со ЕУ, за поддршката од државите членки за продолжување на нашиот процес на пристапни преговори и за важните реформи поврзани со евроинтеграцијата, особено владеењето на правото и борбата против корупцијата.   

Маричиќ, кој вчера допатува во Брисел за учество на дводневниот Форум „Глобална порта“, што денеска и утре се одржува во организација на Европската комисија, во текот на вчерашниот ден имаше средби и со заменикот на генералната директорка за Западен Балкан во Европската служба за надворешна политика (ЕЕАС), Марко Маковец и со главниот советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Симон Морду. 

До крајот на посетата на Брисел, предвидено е Маричиќ да одржи брифинг со Работната група за проширување и земји кои преговараат за пристапување во ЕУ (КОЕЛА), како и да има работен состанок со в.д. директорката за Западен Балкан во ДГ НЕАР, Микела Матуела, на кој тема на разговор ќе биде текот на скрининг процесот и подготовката на стратешките документи – Патокази, кои се наша обврска за отворање на Кластерот 1 – „Фундаментални вредности“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Њујорк Тајмс: Лидерите на ЕУ во паника…

Владите на ЕУ испратиле претставници во САД…

Зеленски почна да ја сузбива корупцијата за…

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го одобри новиот…

Бугарија е најнесреќната нација во ЕУ

Истражувањето покажа дека задоволството од животот е…

Шпанија издаде предупредување за финансирањето од ЕУ…

Финансиските ресурси на ЕУ за поддршка на…

Украинскиот парламент го одобри клучниот закон за…

Пратеникот Јарослав Железниак на Телеграм објави дека…