Марш на Независниот синдикат на полицијата во Битола: „Апелираме законите да важат подеднакво за сите – граѓани, полиција и институции“

t

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денес организираше мирен марш низ центарот на Битола, започнувајќи пред Основното јавно обвинителство и продолжувајќи по Широк Сокак до плоштадот „Магнолија“.

Од Синдикатот нагласуваат дека целта на маршот е да се испрати јасна порака за еднакво владеење на правото и враќање на достоинството на полицијата, објави 4news.mk „Повод за маршот се последните јавни закани и настани во Битола, каде што поединци се закануваа со насилство кон полициски службеници доколку тие ги спроведуваат законите. Апелираме законите да важат подеднакво за сите – граѓани, полиција и институции“, соопшти НСП.

Од Синдикатот потенцираат дека маршот не е насочен против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку претставува апел за крај на, како што велат, двојните аршини во постапувањето на институциите.

Во рамките на маршот, Независниот синдикат побара еднаков третман пред законот за сите сторители на кривични дела, прекин на селективната правда и определување притвор за сторителите во случаи на сериозни закани, објави 4news.mk Дополнително, Синдикатот предлага итни измени на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со враќање на поранешната глоба од 1.000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните казни од 50 до 150 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марш на Независниот синдикат на полицијата во…

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денес организираше…

По реакциите, закажани февруарски термини за преглед…

Онколози во Битола повторно ќе вршат прегледи…

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш…

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола…

81 година од првиот наставен час на…

На 6 февруари 1945 година во битолската…