Маск нема да има канцеларија во Белата куќа, извештаите ќе одат прво кај шефот на кабинетот, Сузи Вајлс
Шефот на кабинетот на Белата куќа Сузи Вајлс, која американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „ледена жена“, донела интересна одлука.
Имено, Илон Маск нема да има канцеларија во оваа зграда и неговите извештаи најпрво ќе треба да ѝ ги испрати нејзе. Според британски „Тајмс“, Вајлс има одговорност да го држи Трамп фокусиран, како и да се погрижи во неговиот круг да се само „играчите на тимот“. Според нејзината проценка, Маск не е еден од нив.
Како што истакнуваат американските медиуми, Вајлс одлучила Маск да не биде во Белата куќа бидејќи, меѓу другото, таа смета дека тој ќе „ја турка сопствената агенда“.
Оваа одлука не ја соопшти таа, туку самиот Трамп, но извори блиски до администрацијата на Трамп велат дека токму Вајлс стои зад сето тоа.
Покрај тоа, таа му кажала на Маск дека сите извештаи од „агенциите за владина ефикасност“ (DOGE), која не е дел од формалната влада, ќе мора прво да ѝ бидат доставени.
„Тајмс“ пишува дека оваа одлука особено им се допаднала на долгогодишните соработници на Трамп, кои имале непријателство кон милијардерот.
Со овој потег Вајлс покажа, според анализите на американските медиуми, дека е подготвена да се соочи со луѓето во тимот на Трамп кои веруваат дека имаатапсолутна моќ и дека таа е лидер на неговиот тим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…