Објавено на:

Маѓар: Многумина сугерираа дека нешто „случајно“ ќе се случи со гасоводот во Србија на Велигден

t

Унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар изјави дека претходно добил информации дека нешто „случајно“ ќе се случи со гасоводот во Србија на Велигден, велејќи му на премиерот Виктор Орбан дека нема да може да ги спречи изборите што се закажани да се одржат во таа земја следната недела.

Тој напиша на својата официјална Фејсбук страница дека со недели добива „сигнали од неколку места дека, по претходните неуспешни операции со лажно знаме, поради падот на поддршката за Фидес, Виктор Орбан, со помош на Србија и Русија, сака да премине нова граница“.

„Неколку од нив јавно посочија дека нешто „случајно“ ќе се случи на гасоводот во Србија на Велигден, една недела пред унгарските избори. И така и се случи“, истакна Маѓар, реагирајќи на веста дека српските единици пронашле експлозиви со разорна моќ во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

Маѓар го повика Орбан без одлагање да го информира за развојот на настаните и да го покани на седница на Советот за одбрана , бидејќи, како што изјави, кој и да ја организирал оваа провокација, идната влада предводена од неговата Партија за почит и слобода (TISZA) ќе мора да ја реши новосоздадената ситуација.

„Исто така, го повикувам Виктор Орбан да престане (барем за време на празниците) да предизвикува паника и да ги провоцира немирите планирани од неговите руски советници. Од тука исто така велам дека тој нема да може да ги спречи изборите следната недела. Тој нема да може да спречи милиони Унгарци да ги затворат најкорумпираните две децении во историјата на нашата земја“, рече Маѓар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маѓар: Многумина сугерираа дека нешто „случајно“ ќе…

Унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар изјави дека…

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите…

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека…

Иран тврди: Соборивме повеќе „непријателски авиони“ за…

Иранските воени власти соопштија дека неколку авиони…

„Сан“: Во Обединетото Кралство секој ден во…

Во истражувачка сторија на британски „Сан“ (The…

Регулаторна денеска ја крои цената – дизелот…

Се очекува утре Регулаторната комисија за енергетика…