Мајката која го сними сопругот како го тепа детето е гневна: Ѓубрето слободно се шета – ако дојде, ќе му пресудам!

t

Мајката која лани го сними нејзиниот сопруг како го тепа нивното дете во скопската населба Драчево, повторно реагира, лута на институциите, бидејќи, како што вели, насилниот татко е на слобода. Снимката тогаш предизвика силни реакции во јавноста и беше повод за покренување постапка против 28-годишниот скопјанец.

Жената во објава на Фејсбук, жестоко ги критикува институциите, обвинувајќи ги дека не ги заштитиле неа и нејзините деца.

„Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала дека не бил опасен по живот. А што е со нас?“, напиша таа.

Според нејзините тврдења, насилството траело со години, а наместо целосна заштита, од Центарот за социјална работа се обидувале да ја „смират“ ситуацијата.

По пријавениот инцидент, Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против осомничениот, кој беше приведен и му беше определен притвор.

Засега нема официјална реакција од Центарот за социјална работа во врска со обвинувањата на мајката, додека од Обвинителството се очекуваат дополнителни информации за текот и исходот на постапката.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајката која го сними сопругот како го…

Мајката која лани го сними нејзиниот сопруг…

Штипјанка заврши во болница со повреди откако…

Нов случај на семејно насилство, нотираше полицијата.…

Белата куќа бара итно решение за зголемувањето…

Шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд…

10 европски држави се подготвуваат за евакуација…

Десет земји од северна Европа се согласија…

(Видео) Кочани се подготвува за одбележување на…

Безбедносната состојба во државата е стабилна, истакна…