Мајка на жртва од „Пулс“ му закачи беџ со скршено срце на Мицкоски во Кочани
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска престојуваше во Кочани за да оддаде почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, на денот кога градот ја одбележува најтажната годишнина во својата понова историја.
Во еден од најемотивните моменти за време на одбележувањето, мајката на Надица Наунова, Габриела Наунова, му закачи на реверот на премиерот беџ со симбол на скршено срце, на кој беше испишано „Кочани 16.03.2025“. Гестот беше силен симбол на болката и непрежалената загуба што ја чувствуваат семејствата на жртвите.
Утрово, со една минута молк, точно во 2 часот и 32 минути – моментот кога пред една година избувна пожарот што го потресе Кочани и целата држава – беше оддадена почит на трагично загинатите во дискотеката „Пулс“.
Во атмосфера на длабока тага и достоинство, премиерот Мицкоски се сретна со присутните граѓани и со семејствата на загинатите, споделувајќи ја болката за прерано згаснатите животи.
Тој се потпиша и во книгата на жалост, која беше поставена на маса украсена со бели хризантеми, оставајќи порака на искрено сочувство и поддршка до семејствата на 63-цата млади кои трагично ги загубија животите пред точно една година.
Присуството на премиерот беше израз на солидарност со граѓаните на Кочани во денот на сеќавање на трагедијата што остави длабока рана во македонското општество.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка на жртва од „Пулс“ му закачи…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска престојуваше…
Кавадарчанец двапати во ист ден бил фатен…
Кавадарчанец вчера два пати бил лишен од…
Колони на бензинските низ Скопје: новите цени…
Повторно колони на бензинските низ Скопје. Веста…
„Најдолгата година“: Сопругата на трагично загинатиот Андреј…
Болката не стивнува ниту по една година.…
Вчера пет лица лишени од слобода, шест…
На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица…