Објавено на:

МВР: На ноќна забава отишле со ножеви, уапсени четири лица во Тетово

t

Во акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, пронајдена е дрога, како и ножеви кај дури четири лица.
– На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица.

При вршење на контрола во угостителски објект во Тетово, при преглед во задната страна од објектот, пронајдени се две кесиња со бела прашкаста материја.

При контролата на други објекти, приведени се А.А. (23) од с. Ново Село, затоа што ги омаловажувал полициските службеници, а Е.Р. (29) од с.Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј.(59) од с.Голема Речица се приведени затоа што кај нив се пронајдени ножеви. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, гласи информацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: На ноќна забава отишле со ножеви,…

Во акциска контрола во угостителски објекти на…

Воајер во бутик во Скопје – качен…

МВР информира дека завчера попладне во 17:30…

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со…

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со актуелната…

Мицкоски од Дебарца: Со поддршката за општините…

Јас немам што да додадам повеќе од…

Акциите на вештачката интелигенција продолжуваат да паѓаат,…

Повеќе осцилации за компаниите за компјутерски чипови…