МВР подготвува нова апликација за увид и плаќање казни, најави Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека проектот „Safe City“ ќе овозможи поедноставени и повеќекратни начини за плаќање на сообраќајните казни, како и дополнителни дигитални услуги за граѓаните.
Во гостување за телевизија Сител, Тошковски изјави дека, покрај констатирањето сообраќајни прекршоци, системот на камери може да се користи и како дополнителен доказен материјал при откривање други прекршоци и кривични дела, во рамки на законските надлежности на Министерството за внатрешни работи.
Тој посочи дека граѓаните ќе можат да ги плаќаат казните на повеќе начини – преку банка, во која било полициска станица со платежна картичка, како и електронски преку апликациите на банките. Дополнително, МВР ќе развие и посебна мобилна апликација преку која ќе може да се врши увид и плаќање на сите изречени казни.
„Апликацијата ќе има соодветна заштита и автентикација, со цел точно да се утврди идентитетот на корисникот. Граѓаните ќе добиваат известувања и на е-пошта и на телефонски број, а преку апликацијата ќе можат да извршат уплата и да имаат целосен увид во своите обврски“, истакна Тошковски.
Министерот најави дека во иднина апликацијата ќе биде надградена со дополнителни услуги од надлежност на МВР, со цел поедноставување на административните постапки.
Како една од идеите, тој ја посочи и можноста за дигитално пријавување корупција и кривични дела, особено оние сторени од носители на јавни функции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР подготвува нова апликација за увид и…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави…
Трендафилов: Владата наместо да ги симне розовите…
Во вечерашната емисија „Директно“ дебатираат Слободан Трендафилов…
АНБ: Сериозниот финансиски и економски криминал и…
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) смета дека…
Германија има одговор на заканите на Трамп:…
Додека претседателот Доналд Трамп ги обновува заканите…
Родителите на судијата Ристов тврдат дека соѕиданите…
Родителите на судијата Ѓоко Ристов, во чија…