МВР по барање на Австрија го проверува 19-годишникот осомничен за планирање терористички напад во Виена

t

Македонската полиција информира дека постапува по барање добиено од австриските власти за проверка на лице кое е по потекло од земјава, а кое е осомничено за планиран терористички напад во Виена.

-Ве известуваме дека од страна на австриските власти до Министерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице кое е по потекло од Македонија, а истиот е осомничен за планиран терористички напад во Виена. Од наша страна се постапува по однос на доставеното барање, појаснуваат од МВР.

Трите концерти на американската кантавторка Тејлор Свифт закажани во Виена се откажани откако австриската полиција објави дека уапсила екстремист, осомничен дека планирал напад врз нив.

Веста за откажувањето ја соопштија организаторите на музичкиот концерт „Баракуда“, откако полицијата соопшти дека уапсила двајца осомничени, од кои едниот планирал напад на настапите на Тејлор Свифт.

Главниот осомничен е 19-годишен маж, кој е уапсен во Терница, јужно од Виена, а уште едно лице во главниот град на Австрија.

Франц Руф, директор за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, рече дека 19-годишниот осомничен се заколнал на верност на терористичката група Исламска држава.

Според австрискиот весник „Кронен цајтунг“ уапсениот 19-годишен Австриец е со потекло од Македонија кој со семејството живеел во Терниц, јужно од Виена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…

Тошковски се огласи за Груби: МВР има…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

(Видео) Тошковски со детали за трите акции…

Во изминатите денови МВР во координација со…