Објавено на:

Медведев и се закани на Франција: Не заборавајте дека неретко економските се претвораат во вистински војни

t

„Санкциите се неверојатно ефикасни. Ќе водиме тотална економска и финансиска војна против Русија“, изјави францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер, за ФрансИнфо, јави дописникот на МИА.

-Ќе предизвикаме колапс на руската економија. Економската и финансиската рамнотежа на силите е целосно во корист на Европската Унија, која е во процес на откривање на својата економска моќ, додаде министерот.

Поранешниот претседател и втор човек на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев сега му возвраќа на францускиот министер за финансии Ле Мер.

„Не заборавајте дека економските војни во историјата на човештвото често ескалираа во вистински“, предупреди Медведев.

Неговото предупредување беше одговор на зборовите на францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, кој се закани дека ќе започне „тотална економска и финансиска војна“ против Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски најави инфраструктурен бум: „Веќе вклучуваме во…

Во оваа тешка година имаме резултати зад…

Трамп: Израел и Иран се согласија на…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е…

Србија и продавала оружје на Украина

Српското Министерство за одбрана објави дека „во…

Драстичен пад на цената на нафтата по…

Пазарот на нафта реагираше со наголем пад…

Израел: Се согласуваме на примирје

Владата на Израел утрово потврди дека го…