Медведев со предупредување: „Не сме луди да сакаме глобална војна, но таа не е исклучена“
Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, во последното интервју за повеќе медиуми (ТАСС, „ВарГонцо“ и Ројтерс) предупреди дека светот стана исклучително опасно место. Иако нагласи дека Москва не сака глобален конфликт, тој не ја исклучи таквата можност.
„Ситуацијата е многу опасна. Изгледа се намалува прагот на болка. Не сме заинтересирани за глобален судир. Не сме луди. Но, не може да се исклучи глобален судир“, истакна Медведев.
Медведев остро го отфрли предлогот на европските сили за распоредување трупи од земјите на НАТО во Украина како дел од евентуалните безбедносни гаранции. Според него, присуството на странски контингент од „непријателски земји“ е апсолутно неприфатливо, додавајќи дека условите на Русија за мир остануваат непроменети од 2024 година.
Тој ја повлече линијата помеѓу украинскиот народ и актуелната власт во Киев, нарекувајќи ја втората „антируски режим“ заснован на фашистички модели.
„Никогаш не сме рекле дека ова е конфликт со украинскиот народ или дури и со украинската држава… За стабилноста на меѓународните односи е исклучително важно овој политички режим едноставно да исчезне“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев со предупредување: „Не сме луди да…
Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на…
Обвинение против поранешен министер и поранешен директор…
Поранешен министер барал пари од ИПАРД фондовите,…
Росоклија: За секое ткиво кое е користено…
Македонија била инволвирана во Епстин документите поради…
(Видео) Сѐ уште нема одговорност за смртта…
Осум години по смртта на родилката Маја…
Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во…
Владата денеска преку соопштение реагира на денешните…