Мелони: Одлуката на Израел да го спречи празнувањето на Цветници е навреда за сите верници
Европските лидери ја осудија одлуката на Израел да го спречи влезот на патријарх од Ерусалим во Црквата на Светиот Гроб и да ја води мисата на Цветници, нарекувајќи ја повреда на верската слобода и статусот на светите места.
-Спречувањето на влезот на патријархот од Ерусалим и на кураторите на Светата земја, особено на празник кој е во центарот на верата како што е Цветници, е навреда не само за верниците, туку и за секоја заедница што ја признава слободата на религијата – изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Италијанската влада ја изрази својата поддршка за патријархот Пјербатиста Пицабали, кому му беше забранет влезот во црквата, со што му беше спречен да ја служи мисата на Цветници. „
Израелската полиција го спречи латинскиот патријарх на Ерусалим да го прослави празникот во црквата „за прв пат по векови“, соопшти Патријаршијата, наведувајќи дека полицијата тоа го објаснила со безбедносни проблеми поврзани со војната со Иран.
Израелската полиција вели дека сите свети места во Стариот град на Ерусалим, вклучувајќи ги и оние свети за христијаните, муслиманите и Евреите, се затворени за верниците од почетокот на американско-израелската војна против Иран, особено локациите што немаат засолништа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони: Одлуката на Израел да го спречи…
Европските лидери ја осудија одлуката на Израел…
Израелската војска приведе екипа на Си-Ен-Ен
Дванаесет часа откако израелските доселеници брутално нападнаа…
Хутите ја презедоа одговорноста за нападот со…
Шиитското воено-политичко движење „Ансар Ала“, или Хутите,…
Израел тврди дека го убил командантот на…
Израел го целеше и го уби командантот…
(Видео) Палестински и израелски мајки на босоног…
Палестински и израелски мајки предводеа босоног марш…