Мелони по кавгите со Трамп: Време е да се нормализираат односите меѓу Италија и САД
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека односите меѓу Италија и САД треба да се вратат во нормала по минатонеделната јавна расправија со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Немам намера да продолжам да ја разгорувам оваа расправија“, изјави Мелони во интервју.
Во петокот, Мелони го обвини Трамп дека измислил приказна за неа, откако американскиот претседател за италијанска телевизија изјави дека таа го „молела“ да се фотографира со неа на неодамнешниот самит на Г7 во Франција.
Мелони одговори дека „ниту таа, ниту Италија никогаш не молат“ и порача дека билатералната соработка меѓу Италија и САД треба да се врати во нормални рамки.
Таа нагласи дека не очекува негативни последици врз односите меѓу двете земји и оцени дека тие остануваат добри.
Спорот дополнително се заострил откако италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани соопштил дека го откажува планираното патување во САД поради навредливите изјави на Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони по кавгите со Трамп: Време е…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека односите…
Излетан товарен камион предизвика отежнат сообраќај кај…
Пред Стража, во правец кон Охрид, денеска…
Унгарскиот парламент усвои пакет закони за деблокирање…
Унгарскиот парламент усвои пакет закони чија цел…
(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден:…
Пуктоници го растурија попладневниот мир во Ченто,…
(Фото) „Доста беше труење“: Граѓаните рекоа НЕ…
„Не за нова дозвола по стари правила“…