„Мерцедес“ прегази 34-годишник во Скопје, возачот избегал
34-годишен скопјанец вчера попладне бил прегазен на кружен тек во Скопје, а возачот избегал од местото на несреќата.
– На 11.12.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во пешакот Х.М.(34), по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, известија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мерцедес“ прегази 34-годишник во Скопје, возачот избегал
34-годишен скопјанец вчера попладне бил прегазен на…
Мециновиќ: Договорот за мигранти со Британија мора…
Во синоќешното гостување на ТВ24, пратеникот од…
Мицкоски: Голем број македонски граѓани кои одлучија…
„Третиот квартал оваа година, споредено со третиот…
Орбан: Со одлуката за рускиот имот завршува…
Унгарија упати остри критики за гласањето во…
Откриена група што организирала нелегални игри на…
Вчеравечер и во текот на ноќта, под…