Мерц ги искара Германците: Мрзливи сте, не работите доволно, погледнете ги Грците
Германскиот канцелар Фридрих Мерц влезе во ризичен политички конфликт со работната сила од околу 46 милиони луѓе, пишува Политико. Во последните недели, Мерк тврди дека Германците не работат доволно и дека премногу често одат на боледување, што го забавува економскиот раст.
Ваквата порака не е најмудриот политички потег во клучна година на регионални избори, дури и во земја чија традиционална слика за себе се темели на трудољубивост и напорна работа како морални императиви, објавува Политико, а пренесува Индекс.
Апелот на Мерц за повеќе работа доаѓа во време кога тој се бори да ја оживее долгогодишната стагнирана економија на Германија и промовира пазарни политики за зголемување на конкурентноста, делумно преку решавање на недостигот на квалификувана работна сила во земјата и низ цела ЕУ.
Но, пораката доаѓа и во политички чувствителен момент пред серијата покраински избори кои се сметаат за клучен тест за националното расположение, додека неговата конзервативна партија се бори со растечката крајна десница.
И покрај ова, канцеларот не се откажа од својот речиси прекорувачки тон кон своите сонародници.
„Вкупната продуктивност за нашата национална економија не е доволно висока“, рече Мерк во неодамнешниот говор пред претставниците на индустријата во Источна Германија, наведувајќи ја работата со скратено работно време како проблем.
За време на неодамнешниот предизборен митинг во југозападната покраина Баден-Виртемберг, каде што конзервативците водат со еден процентен поен пред изборите на 8 март, Мерц го повтори својот став. Тој го осуди бројот на денови за боледување што вработените Германци ги користат во просек, речиси три недели годишно, што, како што рече, е значително над просекот на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц ги искара Германците: Мрзливи сте, не…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц влезе во ризичен…
30-годишен скопјанец истепан од жена во ГТЦ
Триесетгодишен жител на Скопје пријавил во полиција…
Противникот на Орбан пријавил дека му се…
Петер Маѓар, лидер на унгарската опозиција и…
Јотова: Северна Македонија да не се лаже…
Имаме загриженост, слушаме сигнали дека Северна Македонија…
(Видео) Мицкоски од Минхен најави инвестиција од…
Добар ден од Минхен и добар ден…