Мерц нападот на геј парадата во Берлин го оцени како терористички чин
Претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, нареди знамињата во германскиот парламент да бидат спуштени на половина копје по нападот на настанот „Денот на улицата Кристофер“ (CSD) во Берлин. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го осуди нападот и го нарече гнасен чин.
-Нашите мисли се со жртвите на овој исламистички терористички напад. Им посакувам на повредените брзо закрепнување, изјави Мерц денес во Берлин.
Маж со автомбил влета во толпа луѓе за време на парадата на гордоста во Берлин, при што една жена загина, а тројца се тешко повредени.
Клекнер изјави дека е потресена до срж од нападот и изрази сочувство за жртвите, нивните семејства и сите оние кои го виделе инцидентот.
Таа им посака на повредените целосно и брзо закрепнување и им се заблагодари на полицијата, противпожарните и спасувачките служби, како и на многуте волонтери и помагачи, за нивниот брз одговор.
Клекнер го опиша нападот како напад не само врз поединците, туку и врз вредностите што ги претставуваат.
-Секој што ги напаѓа луѓето што се борат за слобода, еднакви права и различност ги напаѓа темелите на нашата демократска заедница и го гази човечкото достоинство, рече таа.
Клекнер нагласи дека уставот на Германија го штити правото да се живее слободно и без страв и да се застапуваат сопствените убедувања.
Претседателката на Бундестагот, исто така, вети решителен одговор на оние кои сакаат да одговорат на слободата и начинот на живот на земјата со терор.
Мерц и се заблагодари полицијата брзото интервенирање што спречило уште полош исход синоќа.
-Нема да дозволиме овој отров на тероризмот… да се шири во нашето општество. Ќе стоиме заедно во оваа земја,изјави Мерц