Метео: Какво време не очекува денес

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Во планинските предели ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.
Потоа и во следните денови времето кај нас ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Особено во среда ќе има услови и за повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
Поголем пораст на максималните температури се очекува од четврток, кога ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температура до 22…
Во Скопје, сончево со мала до умерена…
МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните 24 часа ќе…
Територијата на нашата Република Македонија во следните…
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со…
Метео: Минусни утрински температури
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…