Објавено на:

Метео: Променливо облачно со врнежи, пад на температурите и силен ветер!

t

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во северозападните делови се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од -9 до -2 степени, додека максималните ќе достигнат од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во сабота се најавуваат локални врнежи, на планините и повисоките места од снег, а во пониските предели од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде што ќе дојде и до дополнително зголемување на снежната покривка.

Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, со брзина над 60 km/h, проследен со повремени локални врнежи од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места дневните ќе останат под нула степени. Од вторник се очекува стабилизирање на времето со сув период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево и топло со мала до умерена…

СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температура до 22…

Во Скопје, сончево со мала до умерена…

Метео: Минусни утрински температури

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…