Мециновиќ до Лабудовиќ: Дали ќе ги разрешите директорите на ЕСМ и МЕПСО за крахот на 18 мај?

t

Како причина за крахот на 18 мај – кога половина Македонија остана без струја се наведува дефект поради малата потрошувачка и големото производство, односно настанал дефект во регионалната мрежа, кога вистината е дека не е виновен регионот, туку се работи за нестручност и робување на приватниот интерес за фотоволтаици, порача пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ на денешните пратенички прашања во Собранието.

Мециновиќ го праша заменик-министерот за економија, Мирослав Лабудовиќ зошто без прекин се даваат дозволи за фотоволтаици и дали планираат да го приватизираат МЕПСО.

-За колапсот на 18 мај дали планирате да ги разрешите директорите на ЕСМ и МЕПСО и да одговорете кој ќе ја компензира штетата што настана во домаќинствата – праша Мециновиќ.

Министерот Лабудовиќ одговарајќи на прашањето, без конкретен одговор, истакна дека со преземање на функцијата, успеале да донесат закон со кој се имплементираат регулативи од ЕУ, а исто така го посочи и наследениот долг во ЕСМ.

-Во август 2024 година новото раководство на ЕСМ го наследува ЕСМ со 110 милиони евра долг, додека во 2021 година, во време на енергетска криза долгот пораснал на 193 милиони евра. Долгот на ЕСМ е намален на 90 милиони евра – додаде тој.

Мециновиќ му реплицираше дека со Левица, кои не биле на власт претходно, не можат да се вадат со тоа што го наследиле.

-Нас не интересира да дојдеме до нормален енергетски систем, а во овие услови имаме рекордно зависен систем. До кога треба да чекаме пари за Чебрен … Нема Чебрен, нема гасификација – порача пратеникот од Левица.

Министерот му посочи дека за Чебрен била направена работна група, но хидроелектрана не се гради за три дена.

-Во однос на колапсот на 18 мај, го имам извештајот и од инженерски аспект можам да ви кажам дека испадот бил поради висок напон, а тоа може да се јави од неколку аспекти – немање конзум, немање трансфер на електрична енергија и зголемен број на инсталирани фотоволтаици кои во тој момент не работат – појасни Лабудовиќ и додаде дека е добро што во овој случај не била оштетена опремата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ ќе се задолжи 30 милиони евра…

Државната енергетска компанија „Електрани на Северна Македонија“…

Мециновиќ до Лабудовиќ: Дали ќе ги разрешите…

Како причина за крахот на 18 мај…

ЕСМ изнајмува механизација за РЕК Битола за…

АД ЕСМ изнајмува машини за потребите на…

Раскинат е договорот со фирмата која го…

Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…

Неофицијално: Ова се дел од имињата опфатени…

Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и…