Објавено на:

Мецола: Проширувањето на ЕУ веќе не е благородна амбиција, туку геополитичка неопходност

t

Во услови на зголемено руско мешање и обиди за влијание во Молдавија, Грузија и на Западниот Балкан, проширувањето на ЕУ станува директен предизвик за европската колективна безбедност, порача денеска претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола во обраќањето на Годишната конференција на амбасадорите на Европската Унија, насловена „Надворешна политика на ЕУ што испорачува“, што се одржува во Брисел.

– Да не се залажуваме, проширувањето сега веќе не е само благородна амбиција, сега, цврсто верувам, дека тоа е геополитичка неопходност. Сепак, за жал, во последнава деценија загубивме повеќе членки, отколку што примивме, рече Мецола.

Според неа, ЕУ не смее да продолжи да го развлекува процесот на проширување и расправата за него да ја префрла од еден на друг самит, со усвојување на заклучоци кои понекогаш имаат 27 или дури 27 плус 3 различни толкувања.

– Ако продолжиме да го направете сето ова, тогаш други ќе се појават за да ја пополнат празнината, порача Мецола.

Говорејќи за односите на ЕУ со САД, Мецола истакна дека никој нема корист од трговските војни, па затоа прв приоритет на Унијата мора да биде нивно избегнување, но таа во исто време е подготвена да одговори на секаков предизвик и ќе зборува од позиција на сила.

– Одделно ние сме мали играчи, но заедно сме сила на која треба да се смета. А тоа не го кажуваме доволно, рече Мецола.

Таа посочи дека САД се едни од најстарите и најсилните сојузници на Европа и меѓусебната трговска размена 1.500 милијарди евра е премногу важна, за да се воведат меѓусебни царини, кои би им наштетиле на компаниите и луѓето од двете страни на Атлантикот.

Според неа, денес живееме во време каде најгласниот глас привлекува најмногу внимание, каде насилството го задушува дијалогот, каде што спектаклот ја победува суштината, каде што се дава предност за изолационизмот, наместо на мултилатерализмот.

– Во овој свет на нетрпеливост, никогаш не била поважна долгата напорна работа на дијалогот, демократија и дипломатијата. За тоа сте неопходни вие амбасадорите, а вашите тимови и делегации. Вие сте лицето и гласот на Европа. Вие ги браните нашите вредности, возвраќате на лажните наративи, се грижите кога зборува Европа да не слушаат, почитуваат и да ни веруваат, истакна Мецола.

Според неа, целта на дипломатијата не е да се надвика најгласниот или по секоја цена да се остваруваат брзи победи, туку, многу често, дури и бавно да се најдат заеднички основи и да се постигнат вистински резултати.

– Кога работиме заедно, сработуваме многу повеќе, изјави Мецола, додавајќи дека иако според Договорот на ЕУ, дипломатијата не директна надлежност на Европарламентот, сепак тој има важна улога во контакти со земјите ширум светот, особено во делот на соработката со националните парламенти.

Мецола истакна дека кого станува збор за нејзината визија за иднината на Европа за наредните години таа може да се сведе на „реалистичен оптимизам“.

– Оптимизам, затоа што Европа има ресурси, вештини и влијание да биде лидер. Ние сме најголемиот единствен пазар во светот и главен трговски партнер на повеќе од 80 земји. Ние сме бастион на човековите права. Но, исто така, и реализам, затоа што лидерството бара храброст, храброст да се предизвикаме себеси, храброста да бидеме првите што ќе кажеме дека направивме грешки и дека работите треба да се направат подобро, рече Мецола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…

Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…

„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…

Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…

Времето денеска ќе биде сончево и топло…

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…