Меѓународната поморска организација смета дека Ормутскиот теснец останува опасен за транзит на трговски бродови
Ормускиот теснец останува „премногу опасна зона за транзит на трговски бродови“, објави Меѓународната поморска организација (ИМО), пренесе денеска Блумберг.
Генералниот секретар на Меѓународната поморска организација со седиште во Лондон, Арсенио Домингез, изјави дека Ормускиот теснец останува „премногу опасна зона за транзит на трговски бродови“ и додаде дека околу 6.000 морнари се уште се блокирани.
Домингез повика на спроведување мерки за подобрување на условите за навигација.
Според него, не постои законска основа за собирање на транзитната такса во Ормускиот теснец .
„Сакам да ја нагласам потребата од почитување на меѓународното право, земјите да ги следат упатствата на организацијата и компаниите да не преземаат ризик од транзит низ Ормускиот теснец, со оглед на нестабилноста на моменталната ситуација“, додаде тој.
Ормускиот теснец е блокиран додека тензиите меѓу САД и Иран ескалираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународната поморска организација смета дека Ормутскиот теснец…
Ормускиот теснец останува „премногу опасна зона за…
Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“, ќе…
Советниците на денешната седница на Советот на…
Јакимовски заминa на доброволно отслужување на казна…
Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ и…
Во државата има 100 илјади невработени, а…
Бизнис-заедницата ја поздравува новата мерка поддршка за…
Утре седница на Економско-социјалниот совет
Утре треба да се одржи седница на…