Објавено на:

Меѓу загинатите во Венецуела има и странци: Најмногу жртви од Португалија, Шпанија, Италија и Кина

t

Разорните земјотреси што ја погодија Венецуела во текот на ноќта меѓу среда и четврток продолжуваат да земаат човечки жртви, а меѓу загинатите има и голем број странски државјани. Според официјалните информации од повеќе амбасади и министерства за надворешни работи, најмногу жртви има од Португалија, Шпанија, Италија и Кина.

Португалското Министерство за надворешни работи соопшти дека во катастрофалните земјотреси загинале девет португалски државјани. Во меѓувреме, шпанските власти потврдија дека четворица нивни државјани го загубиле животот, додека 106 лица сè уште се водат како исчезнати.

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес изјави дека 14 лица остануваат заробени под урнатините и дека нивното извлекување е апсолутен приоритет за спасувачките тимови, кои веќе пристигнале во Венецуела со воени авиони. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, потврди дека меѓу исчезнатите е и претставничката на владата на Канарските Острови во Венецуела, Изабел Хару Нодо.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани соопшти дека досега се потврдени три жртви со италијанско-венецуелско државјанство. Повредени се уште пет лица, а 35 италијански државјани се водат како исчезнати. Тајани предупреди дека бројот на жртви би можел дополнително да расте, бидејќи во Венецуела живеат околу 150.000 лица со италијанско државјанство, а спасувачките екипи сè уште ги пребаруваат урнатините.

Кинеските власти, исто така, потврдија дека во земјотресите загинале двајца кинески државјани. Според последните официјални информации, бројот на загинати во двата силни земјотреси достигна најмалку 920 лица, додека повеќе од 4.300 луѓе се повредени. Спасувачките операции продолжуваат, а властите предупредуваат дека конечниот број на жртви може да биде значително поголем бидејќи илјадници лица сè уште се водат како исчезнати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу загинатите во Венецуела има и странци:…

Разорните земјотреси што ја погодија Венецуела во…

Трамп се закани: Царини од 100% за…

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…

На руските гимнастичари во Романија им билo…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес оцени…

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд

Германија денеска го регистрираше највисокиот температурен максимум…

Поранешен советник на Трамп призна вина за…

Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност…