МЗ: Забрана за рекламирање и промоции на тутунски производи – приоритет е заштитата на децата
Јавното здравје пред комерцијалниот интерес – забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.
Новиот предлог-закон за заштита од пушење, како што се посочува во соопштението, предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби, како што се појаснува, се однесуваат на објави во медиумите, на интернет и на социјалните мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци.
– Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите, а намалувањето на видливоста е една од најефикасните мерки за превенција. Заштитата на децата е апсолутен приоритет – оценува министерот за здравство Азир Алиу во пишаната изјава.
Дополнително, покрај забраната за продажба на малолетни лица, не само на класични цигари, како што се нагласува во соопштението, туку и на сите други никотински производи, со воведува и забрана за јавно изложување тутунски и никотински производи на продажни места, како и за продажба на тутунски и никотински производи во угостителски објекти, спортски и културни објекти и јавни настани.
– Рекламирањето директно влијае врз почнувањето со пушење, особено кај младите. Со овие законски одредби се превенираат прикриените форми на промоција на овие производи. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес – појаснува министерот Алиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МЗ: Забрана за рекламирање и промоции на…
Јавното здравје пред комерцијалниот интерес – забрана…
Дипломатски (не)успех по средбите во Давос?
Форумот во Давос ги подели политичките фактори…
ССМ повикува на масовен протест за повисоки…
Минималната плата на 600 евра, а сите…
Превозниците во ПАНИКА! Европските земји депортираа 100…
Логистичкиот конзорциум на Босна и Херцеговина, кој…
Групација за производство на цигари при Стопанската…
Групацијата за производство на цигари, која е…