МЗ: Се чекаат резултати за тројца пациенти со сомнение за западнонилска треска, епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна

t

Министерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи.

Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент.

Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања.

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен епидемиолошки надзор и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЗ: Се чекаат резултати за тројца пациенти…

Министерството за здравство информира дека состојбата со…

30 дена притвор за 50-годишник од Македонски…

50-годишник од Македонски Брод повеќепати силувал млада…

Танкер погоден во Ормускиот теснец

Танкер е погоден од „непознат проектил“ во…

Пресушениот Дунав вади необични работи: Украдена „опел…

Тринаесет години откако беше украдена, „опел корса“…

Британскиот премиер му понуди помош на шпанскиот…

Британскиот премиер Енди Барнам денеска телефонски разговараше…