Милионска заплена во Косово: брачен пар осомничен за перење пари од шверц на дрога
Косовските власти денеска соопштија дека запленија имот вреден околу еден милион евра во Приштина, во рамки на голема меѓународна истрага за перење пари поврзано со трговија со дрога, пренесува „Н1“.
Акцијата ја спроведоа Косовската полиција и Специјалното обвинителство на Косово, по барање на италијанското правосудство, во соработка со француските власти, со координација на Европол и на Евроџаст.
Како што се наведува, во текот на истрагата биле анализирани докази собрани во меѓународната истрага, како и информации што ги обезбедило Специјалното обвинителство на Косово преку спроведување на барања за меѓународна правна помош упатени од италијанските власти.
Врз основа на тоа, истражителите идентификувале банкарски сметки, деловни активности, недвижности и возила со висока вредност во сопственост на брачен пар од Косово што живее во Италија.
Според наводите на обвинителството, овој брачен пар е предмет на кривична истрага во Италија поради сомневање за перење пари, а бил уапсен во Франција во септември минатата година.
За време на апсењето, полицијата пронашла повеќе од 56 килограми златни шипки и 2,5 милиони евра во кеш во скриени прегради на две возила.Истовремено, според податоците на истражните органи, во септември 2025 година била запленета и друга имотна вредност стекната со криминални активности, вредна повеќе од 30 милиони евра, за која постои сомневање дека е поврзана со транснационална криминална мрежа која перела пари од трговија со дрога во Франција.
Истражителите наведуваат дека претворањето на готовина во злато служело за прикривање на потеклото на парите и за полесен транспорт преку границите, особено кон Косово, Турција и кон Мароко.
Специјалното обвинителство на Косово истакнува дека, во блиска координација со Косовската полиција, ги спровело сите неопходни истражни дејствија кои довеле до идентификација, следење и до заплена на имотот на Косово.
Во текот на истрагата значајна поддршка дале Европол и Евроџаст, кои, како што се наведува, ја олесниле правосудната и оперативната соработка меѓу властите на Франција, Италија и на Косово, овозможувајќи идентификација и заплена на имот во повеќе држави.
Поддршка на истрагата обезбедил и програмот на Европската Унија за внатрешни работи на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милионска заплена во Косово: брачен пар осомничен…
Косовските власти денеска соопштија дека запленија имот…
Косовскиот министер за одбрана: Косово гордо стои…
Вршителот на должноста министер за одбрана на…
Косовската полиција заплени оружје и муниција во…
Косовската полиција објави дека претресла три локации…
Шекеринска: Посветеноста на НАТО кон безбедноста на…
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави…
Стејт департмент: Подготвени сме да му помогнеме…
Стејт департментот соопшти дека Соединетите Американски Држави…