Милионски град во каpaнтин поради помалку од 100 случаи на ковид

Властите во југозападниот кинески град Бајсе им наредија на жителите од денеска да останат дома и да избегнуваат непотребни патувања, поради зголемениот број на случаи на Ковид-19.
Бајсе има околу 3,6 милиони жители и се наоѓа на границата со Виетнам, а од сабота до понеделник напладне во него се потврдени 99 локално пренесени случаи на корона вирус, пренесува Ројтерс.
Омикрон е потврден кај две заразени лица.
Жителите да не ги напуштаат домовите, освен за набавка на основни потреби или тестирање за Ковид-19.
Исто така, граѓаните треба да се снабдуваат користејќи ја услугата за испорака секогаш кога е можно, објави државната телевизија од градската власт.
Во прекин е и јавниот превоз, училиштата се затворени, а на вработените на виталните работни места ќе им се издаваат посебни дозволи за движење.
Во борбата против коронавирусот, Кина спроведува стратегија на нулта толеранција кон Ковид, заснована на тоа да прави се што е можно за да се ограничи појавата на нови случаи на инфекција.
Иако бројот на новозаразени на дневна основа во Кина е мал во споредба со другите земји, Кина вложува уште поголеми напори во борбата против коронавирусот, особено во времето на Зимските олимписки игри во Пекинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина го гради најголемиот аеродром во светот
Dalian Jinzhou Bay International моментално се гради…
Медиуми: Си Џинпинг нема да патува во…
Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да отпатува…
Медведев во Пекинг, ќе ги продлабочува односите…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
Кина повика на изнаоѓање „политичко решение“ во…
Кина повика да се изнајде „политичко решение“…
Кина воведува санкции за 13 американски воени…
Кина одлучи да воведе санкции за 13…