Минималната плата во Македонија навистина минимална

t

Само Косово, од земјите во регионот, во новата година влезе со пониска минимална плата од Македонија.

Највисоки минимални плати во регионот се добиваат во Црна Гора, каде што е 600 евра.

Во Србија, минималната плата се движи од 505 до 580 евра во зависност од тоа колку работни часа има месецот. Во Федерацијата БиХ во Босна и Херцеговина, минималната плата е 525 евра, а во Република Српска 511 евра. Во Албанија, од Нова година минималната плата е 444 евра, во Македонија е 397 евра, а во Косово 384 евра.

Професор Зоран Ивановски вели дека покачувањето на платите мора да оди заедно со зголемувањето на продуктивноста, зашто инаку може да предизвика поголема штета отколку корист.

„Доколку упорно се оди со административни мерки да се зголемува минималната плата, на тој начин се зголемува и ризикот од појава на повисока стапка на невработеност“, вели Ивановски.

Во Црна Гора, минималната плата за луѓето со завршена виша школа или факултет не може да биде пониска од 800 евра.

На почетокот на 2022 година, владата во Подгорица ја зголеми минималната плата од 250 на 400 евра, а во 2024 на 600, зголемување од 2,5 пати за помалку од три години.

Во Србија минималната плата е одредена по цена на работен час. Од Нова година, минималната плата се зголеми за 10 отсто, откако 3 месеци претходно се зголеми за 9,5 проценти. Во најкраткиот месец, февруари, кој има само 160 работни часа, минималната плата ќе биде над 59 илјади динари, односно 505 евра. Во најдолгите месеци со 184 работни часа, минималната плата е над 68 илјади динари, односно скоро 580 евра.

Во Босна и Херцеговина, платите во двата ентитета Федерацијата БиХ и Република Српска се разликуваат.

Од Нова година, минималната плата во Федерацијата БиХ е 1027 марки, односно 525 евра. Република Српска е 1000 конвертибилни марки, односно околу 511 евра.

Дополнително, Република Српска одредува минимална плата и во зависност од степенот на образование, па оние со тригодишно средно не може да добиваат помалку од 1050 марки, односно 537 евра, со четиригодишно средно образование 1100 марки, односно 25 евра повеќе, со виша 1350 марки, а со факултет минималната плата е 1450 марки, односно над 740 евра.

Албанија од Нова година ја зголеми минималната плата за 25 отсто, и сега бруто платата е 50 илјади леки, односно нето плата од над 43 илјади албански леки или 444 евра, за просечно работно време од 174 работни часа месечно.

Во Македонија минималната плата е 24.379 денари, односно 397 евра. Во март треба да има законско усогласување на платите кое се очекува да биде меѓу 1500 и 2000 денари, односно уште околу 30 евра.

Косово од Нова година ја зголеми минималната бруто плата од 350 на 425 евра. Минималната нето плата е 384 евра. Од 1 јули ќе има ново покачување на бруто платата на 500 евра, со што нето платата во Косово во втората половина од годинава треба да достигне 450 евра.

Ако нема поголемо зголемување од законски предвиденото во март, може да се случи во втората половина од годинава, Македонија да остане со најниска плата во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минималната плата во Македонија навистина минимална

Само Косово, од земјите во регионот, во…

Силувал малолетничка па ја уценувал дека ќе…

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна…

„Поларен“ бран во Македонија: Поплавени градски и…

Поплави, свлечишта затворени патишта. Обилните врнежи ја…

Домот стана луксуз: Цените на недвижности се…

Цените на становите во државава продолжуваат да…

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек…

Директорот на Центарот за управување со кризи,…