Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

t

Министерот за здравство Азир Алиу во изјава за емисијата КОД соопшти дека од досега процесуираните десет компании кои поседуваат лиценци за одгледување медицинска марихуана, шест се во постапка за нивно одземање.

Алиу нагласи дека во тек е институционална процедура и дека веќе се подготвува материјал за седница на Владата, на која треба да се покрене формална постапка за одземање на шест лиценци.

„Од досегашните процесирани компании, десет на број, резултира дека треба шест од лиценците да ги одземеме и ние веќе сме во постапка за да може во вторник на седница на Влада да покренеме постапка за одземање на шест лиценци. Тоа значи дека голем процент од досегашните компании не ги исполнуваат условите предвидени и строго дефинирани со закон“, изјави министерот.

Тој појасни дека причините за постапките може да се поврзани со различни неправилности – од производство кое не е соодветно пријавувано, до неисполнување на пропишаните услови за работа или други пропусти. Сепак, подвлече дека процесот сè уште е во тек и дека конечните заклучоци ќе бидат донесени по завршување на анализите.

„Дозволете да завршиме за да бидеме прецизни кои се елементите што доведуваат до заклучок на стручната комисија за одземање на лиценците. Правната служба ги анализира законските и подзаконските акти за да имаме јасен правен основ“, додаде Алиу.

Министерот најави и измени во правилниците со кои се регулира дејноста на одгледување медицински канабис, со цел да се зајакне контролата и да се обезбеди поголема транспарентност во работењето на компаниите.

Имињата на компаниите засега не се објавуваат, бидејќи постапката е во рана фаза, а институциите работат на утврдување на сите факти и правни основи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана…

Министерот за здравство Азир Алиу во изјава…

Македонските гастарбајтери се будат од германскиот сон

Во 2025 година, германската индустрија забележа значителен…

Тепачки во Кисела Вода и во Центар…

Две одделни физички пресметки биле пријавени во…

(Видео) Снимка од центарот: Автомобил во спротивен…

Видео објавено на социјалната мрежа „Х“ (од…

Мажот кој се обиде да влезе во…

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен…