Министерот за здравство: Македонија е имунизирана против Ковид 19
Официјално сме вакцинирани 46 отсто, но по природен пат имунизирани сме 75 отсто, што значи можеме да се сметаме за имунизирана нација, објасни вечерва во Клик Плус на ТВ 21 министерот за здравство Беким Сали. Тој истакна дека неодамнешната кампања со мобилните екипи била позитивна, но незадоволителна.
– Последна активност за вакцините ни беше мобилните екипи кој што се движеа во 14 локации. До тој момент имавме 1.500 до 2.000 нововакцинирани неделно, односно со таа кампања достигнавне до 3.500 неделно. Сметам дека кампања ја заврши својата работа, имаше позитивен одзив од граѓаните, незадоволителен, меѓутоа позитивен. За жал ние како држава сме снабдени врз основа на нашите проекци за таа бројка од 70 отсто вакцинирани која ни беше цел за заштита на нашите граѓани. Официјално се вакцинирани 46 отсто од населението. Сереолошката анализа која што ја направивме испадна дека нашите граѓани се 75 отсто имунизирани по природен пат со прележување, што ни дава комфор дека може да се сметаме за имунизирана нација – рече Сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…