Објавено на:

Министерството за одбрана на Русија: активиран ракетниот систем „Орешник“, може да носи нуклеарно оружје

t

Русија ја активираше употребата на ракетниот систем „Орешник“, кој може да носи нуклеарно оружје, објави денес Министерството за одбрана на земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин го објави ова претходно во декември на состанок со врвни воени функционери, кога предупреди дека Москва ќе се обиде да ги прошири своите освојувања во Украина доколку Киев и неговите западни сојузници ги отфрлат барањата на Кремљ во мировните преговори.

Активирањето на тој ракетен систем доаѓа во критичен момент за мировните преговори меѓу Русија и Украина, имајќи предвид дека украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна се сретна со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, каде што Трамп инсистираше дека Киев и Москва се „поблиску од кога било досега“ до решение за војната, анализираат медиумите.

На состанок со воени функционери, Путин ја наведе потребата од создавање воени тампон зони по должината на руската граница и потврди дека армијата напредува во источниот регион Донецк во Украина, како и дека продолжува со офанзивата во јужниот регион Запорожје.

Русија првпат го употреби системот „Орешник“ против Украина во ноември минатата година, кога го испали оружјето во фабрика во Днепар која произведуваше ракети за време на Советскиот Сојуз.

Путин го предупреди Западот дека Москва би можела да го употреби оружјето против сојузниците на Украина во НАТО, кои му дозволија на Киев да ги користи своите ракети со долг дострел за напади во Русија, според написите.

Шефот на руските ракетни сили изјави дека „Орешник“ има дострел што може да ја достигне цела Европа.

Ракетите со среден дострел можат да летаат помеѓу 500 и 5.500 километри, а таквото оружје е забрането според договорот од советската ера што Вашингтон и Москва го напуштија во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за одбрана на Русија: активиран ракетниот…

Русија ја активираше употребата на ракетниот систем…

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија…

Владата го усвои предлог законот за Јавно…

Владата на седница го усвои новиот закон…

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси

Турција годинава ја погодија вкупно 53.262 земјотреси,…

Тамара, Каролина, Миле Кузмановски, Дина Јашари, Куку…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави кои…