Објавено на:

Министерството за правда на САД формира единица против домашниот тероризам

t

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе формира нова единица во Министерството за правда за борба против домашниот тероризам по минатогодишниот напад на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп врз Конгресот, изјави денеска висок претставник на американската администрација.

– Се соочуваме со зголемена закана од домашни насилни екстремисти и поединци во САД кои сакаат да извршат насилни злосторства, истакна пред сенатската комисија за правосудство Метју Олсен, помошник на државниот обвинител во Одделот за национална безбедност при Министерството за правда.

– Домашните насилни екстремисти честопати се водени од комбинација на идеологија и лични проблеми. Видовме растечка закана од оние мотивирани од расна омраза, како и од поборниците на екстремистичките идеологии кои ги доведуваат во прашање владата и авторитетот, додаде тој.

Јавниот обвинител Мерик Гарленд им порача на конгресмените во мај минатата година дека домашните насилни екстремистички групи претставуваат голема закана за САД.

Олсен појасни дека новата единица ќе функционира во рамки на одделот за национална безбедност и ќе „обезбеди правилно управување со овие случаи и ефективна координација“ во рамки на Министерството и низ целата земја.

Министерството за правда поднесе кривична пријава против повеќе од 725 лица за упад во зградата на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, со што поддржувачите на Трамп се обидоа да го спречат верификувањето на изборната победа на Бајден во ноември 2020 година.

Висок функционер на ФБИ им кажа на конгресмените во ноември минатата година дека агенцијата спроведува околу 2.700 истраги за домашен насилен екстремизам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Русија ќе ја убедуваат Турција…

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера…

САД размислуваат да ги прогласат “Вагнер” за…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува…

Бомба на чешки пратеник: НАТО ја бомбардираше…

Европската Унија и Соединетите Американски Држави со…

САД се пишманија: Нема да ја прогласат…

САД нема да ја прогласат Русија како…

САД го поддржа протестот на Кинезите против…

САД ја изразија својата поддршка за луѓето…