Министер во „најпроамериканската“ Влада во Македонија одбиен за виза во САД ?! – Сепак не доволно робусно го запоседнале периметарот на Трамп…

t

Инфомакс од свои извори во поранешното министерство за труд и социјална политика, денес министерство Министерството за социјална политика, демографија и млади дознава дека министерот е вмешан во голем скандал поврзан со негова меѓународна дипломатска активност.

Имено како што дознаваме министерот Фатмир Лимани на 9 март требало да патува за Њујорк САД каде требало да одржи неколку средби поврзани со дипломатски активности во Обединетите нации, за патувањето наводно биле резервирани и авиобилети и хотели, но за сите овие напори биле јалови бидејќи министерот бил обиен за виза од страна на амбасадата на САД во Македонија.

Во текот на денот во недела, Инфомакс испрати и прашање до министерот Лимани кое гласеше:

-Нашата редакција има информации дека министерот Фатрмир Лимани денес требало да патува за Њујорк во посета на Обединети Нации. Сепак неговото патување е откажано иако биле резевирани и авиобилети. Нашите информации говорат дека министерот Лимани бил одбиен за виза од страна на Американската амбасада во Македонија. Може ли да ни кажете од која причина министерот Лимани е одбиен од Американската амбасада за виза за САД?

Но по поминати повеќе од 48 часа, Инфомакс се уште не доби одговор ниту од министерот, ниту од министерството зошто Лимани бил одбиен за виза од американската амбасада.

Ова е голем скандал имајќи во предвид дека Лимани е министер и вакви случаи речиси и да немало во историјата на независна Република Македонија кога актуелен министер бил одбиен за виза, особоено од држава како Македонија која е стратешки партнер на САД.

Која е причината што Лимани бил одбиен за виза останува нејасно.

Уште почудно е што премиерот Христијан Мицкоски отворено се фалеше со неговата блискост со администрацијата на Доналд Трамп, а дознаваме дека со министрите од Влен токму со Лимани, Мицкоски е најблизок со Лимани па нејасно е како премиерот не успеал да му договори за виза.

Нејасно е како министер во Владата на Мицкоски која успеа да го запоседне просторот во периметарот на плоштината на оптиката на американскиот претседател Доналд Трамп не добил виза воопшто да стапне на американска територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министер во „најпроамериканската“ Влада во Македонија одбиен…

Инфомакс од свои извори во поранешното министерство…

(Видео) Хаос пред РТС – Српската полиција…

Студентите од Србија, кои подолго време се…

Сиљановска Давкова на посета на Азербејџан

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска е…

Канадскиот одговор за царините на САД: „Ќе…

Претседателот Доналд Трамп можеби ги одложи повеќето…

Во судирот во Северното Море учествувале танкер…

Товарниот брод „Соулонг“ (Solong), кој денеска се…