Миноски: Дали злото е одржливо?

t

Пишува: Кирил Миноски, економист и порнаешен министер

Злото може да се дефинира како дејствување преку кое се нанесува штета на другиот, најчесто со одредено оправдување дека тоа е нужно, оправдано или исправно. Сепак, злото не секогаш произлегува од јасна намера, туку понекогаш тоа е резултат на незнаење, рамнодушност или прифаќање на погрешни норми.

Постојат неколку објаснувања за потеклото на злото.

Првиот пристап го гледа злото како космичка сила што постои независно од човекот. Овој поглед е присутен, на пример, во зороастризмот, каде злото се разбира како реална и активна спротивност на доброто.

Вториот пристап го објаснува злото преку личниот интерес и изборот на поединецот. Ова гледиште е блиско до Томас Хобс, кој ја опишува човечката природа преку идејата „човекот на човек му е волк“, како и до Николо Макијавели, според кого злото се појавува кога интересот се става над сè друго, затоа што така изгледа поисплатливо.

Третиот пристап го разбира злото како психолошка состојба. Според Фројд и современата психологија, агресијата и деструктивноста можат да произлезат од внатрешни конфликти, трауми или нарушен развој, при што злото не секогаш е рационален избор, туку последица на внатрешна состојба.

Овие три пристапи покажуваат дека злото може да се разбере како нешто што доаѓа однадвор, како резултат на свесен избор или како последица на внатрешна состојба.

Во општеството, злото има различни манифестации. Тоа не се појавува само во очигледна штета, туку и во премолчување кога треба да се проговори, во откажување од исправен став, во компромиси за кои знаеме дека се погрешни или во оправдувања от типот „сите така прават“. Злото често живее во малите отстапки од вредностите и принципите, во моментите кога свесно го избираме полесниот наместо исправниот пат.

Најопасниот стадиум за едно општество е кога злото престанува да се препознава и станува нормалност. Во таква средина, доброто постепено се потиснува и заборава.

Се поставува прашањето: дали злото е одржливо?

Речиси сите религии ја обработуваат темата на борбата меѓу доброто и злото, при што доброто на крајот победува, а злото најчесто му нанесува последици токму на оној што го практикува. Во зороастризмот се смета дека злото се распаѓа под сопствената тежина. Во библиските текстови, како што се Посланијата до Римјаните и Галатјаните, се вели: „Не дозволувај злото да те победи, туку победи го злото со добро“ и „Што ќе посее човек, тоа и ќе пожнее“.

Иако злото понекогаш изгледа силно, доминантно, па дури и наградувано, тоа во себе носи вградена слабост. Општествата што го прифаќаат злото како норма стануваат нестабилни, а поединците што го практикуваат често се соочуваат со последици. Затоа злото не опстојува трајно, туку трае онолку долго колку што му се дозволува.

Во таа смисла, злото не е вечна и апсолутна сила, туку состојба што се појавува, но има свој крај. Борбата против злото затоа не е само морален избор, туку услов за опстанок на секое здраво општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Миноски: Дали злото е одржливо?

Пишува: Кирил Миноски, економист и порнаешен министер…

По тревогата во Европа, АХВ уверува: спорниот…

По информациите за повлекување на одредени бебешки…

Лишени од слобода шест возачи за безобѕирно…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Просечната нето-плата во февруари годинава е 46.159…

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Скопјанка возеше велосипед на кеј ја нападна…

Скопјанката Ирена Нелковски, на социјалната мрежа „Фејсбук“…