Миноски: Минималната плата во Македонија е ниска
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 оцени дека минималната плата во Македонија е ниска и не обезбедува услови за пристоен живот, особено за семејствата кои егзистираат исклучиво од вакви примања.
Според Миноски, неопходно е да се изнајдат решенија кои истовремено ќе придонесат за зголемување на животниот стандард на работниците и за подобрување на нивната вкупна благосостојба.
„Дефинитивно, минималната плата во Македонија е ниска. Доколку имаме, на пример, двајца членови во едно семејство кои работат за минимална плата, тешко дека можеме да зборуваме за пристоен живот за тие семејства“, истакна Миноски.
Тој смета дека зголемувањето на минималната плата треба да се спроведува внимателно и таргетирано, особено во секторите кои се најпогодени и каде што платите се најниски, со цел да не се наруши економската стабилност и одржливоста на компаниите.
Во тој контекст, поранешниот министер нагласи дека Владата мора активно да се вклучи во процесот на трипартитен социјален дијалог меѓу државата, работодавачите и синдикатите, со цел заеднички да се изнајдат одржливи решенија.
Миноски предупреди и дека практиката на „замена на сопственото население со друго население“, како одговор на недостигот од работна сила, не дава позитивни резултати на долг рок, нагласувајќи дека фокусот треба да биде на задржување и подобрување на условите за домашната работна сила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Миноски: Минималната плата во Македонија е ниска
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во…
Сиљановска Давкова: Нема промени во односите со…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека нема…
Миновски алармира: Македонската економија е пред сериозен…
„Доколку ги следиме оние критериуми што ЕУ…
Сиљановска Давкова за „27-ми април“: Специјално сум…
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, за Сител…
Трамп: Не треба повеќе да имаме избори;…
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд…