Минчев: Постигнат е историски договор за платите на административците

t

Министерството за јавна администрација со Министерството за финансии, предводено од премиерот Христијан Мицкоски, разговорите со репрезентативните гранкови синдикати УПОЗ и САДУ ги води повеќе од една година. Денеска е постигнат историски договор со кој платите на вработените во јавната администрација, кои беа на ниско ниво, до крајот на 2027 или на почеток на 2028 година, март или април, ќе бидат зголемени до 40 отсто, изјави за Сител министерот за јавна администрација Горан Минчев.

-Во овие 40 отсто се и годишните усогласувања кои им следат на вработените во јавната администрација на годишно ниво – рече тој.

Минчев најави дека по овој договор што е постигнат денеска, Министерството за јавна администрација ќе пристапи кон подготовка на текст предмет на договор кој ќе биде колективен договор, во соработка со Министерството за финансии и како единствен примерок ќе биде поединечно понуден до секоја институција во јавната администрација.

Со ова, како што рече тој, се затвора пакетот на вработени во целиот јавен сектор, ако се тргнат на страна вработените во локалните самоуправи и во ЈП за кои важат други закони.

Прашан за минималната плата, министерот рече дека таа може да се гради врз база на договор што се одвива во Економско-социјалниот совет.

-ССМ има нереално барање, претпоставувам дека тоа е координирано со СДСМ. ССМ тргна со барање за 450 евра за минимална плата, па 500 и дојде до 600 евра. Таа сума е преголема за буџетот на Република Македонија. За овој договор кој денес го постигнавме Владата ќе двои околу 10 милиони евра на годишно ново – рече Минчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минчев: Постигнат е историски договор за платите…

Министерството за јавна администрација со Министерството за…

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна,…

Состојбата на генерал-потполковник Владимир Алексеев, ранет во…

Димовски најави нов инвестициски бран: Се отвораат…

Со најновите одлуки за странски инвестиции, во…

Бугарија четврта во ЕУ по раст на…

Бугарија се наоѓа на четвртото место меѓу…

„Ова се ужасни работи“ – Балканската естрада…

Откако кон куќата на легендарниот пејач Здравко…