Мисајловски за Инфомакс: Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан – веднаш ќе биде поставена нова плоча кај Карпалак
Инфомакс побара коментар од министерот за одбрана, Владо Мисајловски за уривањето на спомен плочата за загинатите македонски бранители кај месноста кај Карпалак откако во текот на вчерашниот ден се одбележа 23 години од загинувањето на македонските војници, а голем број делегации изразија почит.
Нашата редакција во целост ви го пренесува коментарот на министерот за одбрана за уривањето на спомен плочата:
-Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак. Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на министерството уште во утринските часови.
Настанот веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи, за превземање на соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е пријавен и до меѓународната заедница.
Министерството за одбрана веднаш превзема активности за поставување на нова спомен плоча и истата ќе биде поставена во најбрз можен временски рок.
Во поглед на поставување на спомен обележје на месноста Карпалак, информираме дека во изминатите 7 години превземени се иницијативи за поставување на спомен обележје кои не се во согласност со законската регулатива од оваа област.
Имено не е земено во предвид дека местото каде што е предвидено да се постави споменикот е заштитен појас каде може да се градат објекти во функција на автопатот и постојано се добивани негативни одговори од надлежните институции.
Односно се превземени активности за да не се направи апсолутно ништо.
Министерството за одбрана во координација со надлежните институции ги разгледува сите законски можности за поставување на достојно спомен обележје, вели Мисајловски за Инфомакс
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…