Митовски: На партиите не им одговара решавање на проблемите во правосудството, бидејќи ќе треба да стават клуч на врата

Уредникот на Инфомакс во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“ истакна дека кај ниту една политичка партија во Македонија не постои интерес за решавање на проблемите во правосудството бидејќи ако истото стане извршително сите партии ќе треба да стават клуч на врата.
-Во нашите партии нема интерес да се реши ова. На нашите партии им одговара да има систем на трговија со влијание. Ако постои правичност и ако постои извршителност кај правосудниот систем да ги гони сите индиции за криминал ни позиција, ни опозиција би постоеле , вели Митовски.
Уредникот на Инфомакс потенцира дека во македонското правосудство владее ситем на кланови каде мерит системот е целосно укинат.
-Во македонското правосудство функционира систем на кланови и таму не се доаѓа мериторно туку се доаѓа, тој ми е внук, тој ми е од брат дете и така влегуваат и стануваат дел од системот. Тоа е систем на кланови. Вие имате ситуација министер, сопруга во суд, брат во суд, татко, мајка сите се, додаде Митовски.
Според него Македонија се движи кон ситуација во која граѓаните ќе почнат да ја земаат правдата во свои раце.
-Неминовно се движиме кон ситуација да луѓето да почнат да ја земаат правдата во свои раце. Прашање е само на време. Значи не верувам дека овде ќе стигнеме институционално да ги решиме овие проблеми, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…