Мицкоски: Бугарија да даде писмени гаранции дека нема да ја блокира Македонија, треба да се извинат за протeраните Евреи во Македонија

t

Нивниот Устав не признавал колективни права, индивидуални – добро, во ред, еве немаат намера ради нас да менуваат, еве фуснотата да ја тргнеме, или некоја од овие пресудите да се имплементира, или барем да се извинат за седум илјади и двесте Евреи како според нив што велат „администратори”, во Втората светска војна ги пратија во Треблинка. Вили Брант знаете ли како се извини? Има начин како да се извинат. – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Само интервју” која се емитува на Канал 5 телевизија.

На прашањето ако дојде тоа прашање во Собрание, односно ако власта го покрене да се внесат Бугарите во уставот, како ќе се постави ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека тие не ги менуваат ставовите по потреба и дека ако нема реципроцитет, писмени гаранции дека тоа е последното нешто за тргање на ветото и дека во иднина нема да има глупави блокади за повторно да нѐ убедуваат дека сме биле Бугари до 1944-та.

Во животот има давање и земање, а не само земање. Но, суштината е, како што кажа Мицкоски, дека континуирано оваа влада на СДСМ ги рушела позициите во преговорите во меѓународната политика.

– Не треба воопшто да ветуваат, еве една работа нека се случи – фуснотата нека ја тргнат од јазикот, не треба повеќе и ние ќе речеме браво, има промени во позициите, додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петре Шилегов знаел за рамковните вработувања во…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…

За влез во државата се чека околу…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…