Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ направија за 100 дена повеќе отколку тие на СДСМ за 4 години, на 13 февруари ќе имаме отчет за работењето

t

Одговорот на ова прашање и тезата на тие неколкумина кои што тоа го кажуваат го кажавте вие пред неколку минути кога рековте дека согласно анкетите и мерењето на јавното мислење ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност. Огромната предност се должи пред се и на работата на ново избраните градоначалници кои што можам да кажам дека голем дел од нив за овие 100 дена не цели, бидејќи ќе имаме сега еден настан кој ќе го организираме на 13 февруари каде што ќе имаме презентација на сработеното, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Мицкоски додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ направиле многу повеќе за 100 дена за разлика од претходните градоначалници за четири години.

-Направивме многу повеќе него нивните претходници четири години. Кога велам многу повеќе велам во проекти и во хигиената во општините и тоа во услови на потрошен буџет кога се планира нов буџет, нула проекти, многу долгови оставени од претходниците нивни. Но рековме дека за тоа нема да зборувам, ќе го обелодениме криминалот, па нека констатираат обвинителството дали тоа е криминал или не е, ние велиме не избра народот затоа што овие беа лоши, затоа ние треба да ја оправдаме сега довербата, нагласи тој. Мицкоски вели дека СДСМ се плаши од тоа што следи во наредниот период каде што како политичка партија ќе ги обелоденат сите криминални скандали поврзани со претходните градоначалници, но и со реализација на проектите и програмите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека СДСМ е исплашена од тоа што следи во делот на обелоденување на криминалот од претходните четири години и во делот на апликација на проекти и реализација на програмата на градоначалниците, порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

Петровска за ВМРО-ДПМНЕ: Се обидуваат да ме…

ДПМНЕ да се опаметат, водат држава, а…

СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците…

Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки…

Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор…

ВМРО-ДПМНЕ од една страна ја партизира државата…