Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

t

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проектот Градски воз кој од 1 септември започнува со изградбата на првата линија и што тоа ќе значи тоа за Скопје, изјави:

„Тоа ќе значи нов еколошки транспорт за голем дел граѓани коишто имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот на потегот од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Аеродром до Транспортен центар. Бидејќи во текот на зимските месеци, знаете како и што се случува во главниот град, загадување и слично, цениме дека на овој начин ќе обезбедиме побрз и еколошки транспорт на голем дел од нашите сограѓани. На реконструираната пруга, електрифицирана, тие ќе можат да се движат, сега со брзина од 80 до 90 километри на час, наместо досегашните од 20 до 30.

Работиме и на другите две делници, од Ѓорче едната, другата од Илинден. Така што очекуваме целиот овој проект со 27-ма, 28-ма година да биде целосно заокружен. И ова да биде понудена како алтернатива за превоз на голем дел од нашите граѓани коишто од периферијата се движат кон центарот на градот.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

Албанското МНР со реакција за гласините за…

Министерството за Европа и надворешни работи на…

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите…

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи…

Мицкоски обвинува за „глодари“ и „талог на…

За наводите за шпионажа во Кабинетот на…

(Видео) Литванците бегаа во засолништа, претседателот и…

Борбени авиони на НАТО се подигнати за…